ВИДЕО: Американците ја преземаат контролата врз хаотичниот аеродром во Кабул

img alt
Авганистанци се качуваат на авион на аеродромот во Кабул / 16 август 2021, Кабул, Авганистан / Фото: Wakil Kohsar / AFP / Profimedia
На аеродромот во Кабул владее паника бидејќи очајните Авганистанци се обидуваат да побегнат откако Талибанците го презедоа главниот град, јавуваат агенциите.

Очевидци за западните медиуми изјавија дека најмалку тројца цивили загинале на аеродромот кој во моментов е обезбедуван од американските војници. Не е јасно дали биле загинатите биле застрелани или загинале во стампедото на успаничените авганистански цивили кои бегаат пред налетот на Талибанците.

Американските војници на аеродромот во Кабул убиле две вооружени лица

Стотици странци и Авганистанци беа заглавени на аеродромот по откажувањето на редовните летови. Во исто време, САД и другите земји се обидуваат да го евакуираат својот персонал и персоналот на сојузниците.

Откако толпатата упадна на пистата, американските војници пукаа во воздух за да ги растераат луѓето кои насилно се обидоа да се качат во авионите.

Бајден испрати 5.000 војници во Кабул за евакуација на дипломатите

Видеата прикажуваат како некои очајно ги фаќаат тркалата на авионот што се подготвува за полетување. На второто се гледа како човек паѓа од авион кој веќе полетал.

Американски воен претставник за агенцијата Ројтерс изјави дека САД привремено ги прекинале сите летови за евакуација додека луѓето не излезат од пистата.

Заменик -советникот за национална безбедност на САД, Оnон Финер, изјави дека САД се фокусирани на обезбедување на аеродромот за да може да продолжи евакуацијата на Американците, Авганистанците кои работеле за нив во изминатите 20 години и другите ранливи групи Авганистанци.
Жестоки реакции дојдоа од голем број на активисти за човекови права кои се обидуваат да заминат од АВганистан. Тие јавно прашуваат : „Од каде доаѓа правото на Американците да го чуваат аеродромот и да им наметнуваат услови на Авганистанците?

„Ова е нашиот аеродром, но единственото нешто што го гледаме се евакуациите на дипломатите додека обичните цивили чекаат во целосна неизвесност“, изјави една авганистанска активикстка за човекови права.

За да ја забрзаат евакуацијата САД испратија дополнителни 6.000 војници во Кабул
Претседателот о Бајден ја бранеше својата одлука да се повлече од Авганистан во текот на викендот, велејќи дека не може да го оправда „бесконечното американско присуство во граѓанска војна во друга земја“.

Повеќе од 60 земји објавија заедничка изјава во која се вели дека Авганистанците „заслужуваат да живеат безбедно и достоинствено“ и дека јавниот ред треба итно да се обнови.

Тие, исто така, ги повикаа Талибанците да дозволат секој што сака да ја напушти земјата и да не ги затвораат патиштата, аеродромите и граничните премини.

Портпаролот на Талибанците денеска порача дека ќе им дозволи на луѓето на аеродромот да се вратат дома.

Сухаил Шахин, преговарач на Талибанците во Доха, вети дека животот и имотот на луѓето се безбедни. „Ние сме слуги на народот и слуги на оваа земја, порача тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот