Австралиja: Полицијата поднесе 59 обвиненија против 24-годишниот сторител на масакрот во Сиднеј
Австралиската полиција денеска соопшти дека подигнала обвинение против 24-годишен маж за 59 прекршоци откако тој и неговиот татко отвориле оган на собирот за Ханука на плажата Бонди во Сиднеј, вклучувајќи и обвинение за тероризам, објави Најнњуз од Австралија.
Препорачано
Три дена по нападот „инспириран од Исламска држава“, 22 лица остануваат во болница, соопштија здравствените власти на Нов Јужен Велс.
BREAKING: Suspected shooter Naveed Akram has been charged following the Bondi Beach terror attack that claimed 15 innocent lives. https://t.co/pCvdGZZY4S pic.twitter.com/8mGVpwFLgc
— 7NEWS Adelaide (@7NewsAdelaide) December 17, 2025
Девет од пациентите до утрово останаа во критична состојба, додека други 13 беа во сериозна, но стабилна состојба, соопштија властите во оваа австралиска држава.
Не е јасно дали помладиот од двајцата напаѓачи – татко и син на возраст од 50 и 24 години – кој беше однесен во болница со повреди од полициски куршуми и за кој се вели дека е надвор од животна опасност, е вклучен во објавените бројки.
Се потсетува дека во нападот во неделата 15 минувачи беа убиени на местото на настанот или им подлегнаа на повредите во болниците. Еден од напаѓачите, 50-годишниот татко, исто така беше убиен на местото на настанот. Околу 40 други повредени лица беа однесени во болници.
Според јавната мрежа ABC, се вели дека 24-годишниот напаѓач имал врски со мрежа поддржувачи на џихадистичката организација Исламска држава.
Пред неколку часа, во синагогата Бодаи Шабад, на околу еден километар од плажата, се одржа првиот погреб за жртвата на нападот, рабинот Ели Шлангер.
Според извештаите, рабинот, 41, бил татко на пет деца, вклучувајќи и едно новороденче. На погребот присуствувале неколку политичари, вклучувајќи го и поранешниот конзервативен премиер Скот Морисон.
ФОТО | Вознемирувачки сцени во Сиднеј – се слушаат пукотници, луѓето панично бегаат


