Фото: Принтскрин

ФОТО | Вознемирувачки сцени во Сиднеј – се слушаат пукотници, луѓето панично бегаат

Безбедносен аларм е активиран на една од најпознатите австралиски плажи „Бонди“ во Сиднеј, каде што полицијата на сојузната држава Нов Јужен Велс спроведува интервенција и упати итен апел граѓаните да не се движат кон таа област.

Од полицијата соопштија дека лицата кои веќе се наоѓаат во близина на плажата треба веднаш да се засолнат во затворени простории, додека полициските тимови ја обезбедуваат локацијата и постапуваат на терен. Операцијата, според официјалните информации, сè уште трае.

За настанот е информирана и федералната влада на Австралија, потврди портпарол на кабинетот на премиерот Ентони Албанезе, кој ги повика граѓаните строго да ги почитуваат насоките на полицијата на Нов Јужен Велс.

Во потврденото полициско соопштение се наведува дека две лица се уапсени директно на плажата „Бонди“. Поради тековната интервенција, останува во сила препораката јавноста да ја избегнува областа и да не се приближува до местото на настанот.

Австралиските медиуми известуваат за вознемирувачки сцени. Националниот сервис АБЦ објави дека полицијата реагира по пријави за активен напаѓач, додека „Сиднеј Морнинг Хералд“ пренесува информации за повеќекратни истрели, без официјална потврда дали има повредени.

Според весникот, жители пријавиле голем број полициски возила во областа, како и лица кои лежеле на земја во близина на улицата Кембел Парада.

Телевизијата 7News, пак, јавува дека локални жители слушнале пукање и виделе стотици луѓе како во паника ја напуштаат плажата. Повеќе информации се очекуваат откако полицијата ќе соопшти дополнителни детали.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 7NEWS Australia (@7newsaustralia)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот