Антонио Бандерас и Мелани Грифит: Се венчаа за две недели, се разделија по 20 години брак, но сè уште се добри пријатели

Антонио Бандерас и Мелни Грифит се запознаа на снимањето на комедијата „Too Much“, а истата година се венчаа и ја добија ќерката Стела.

Актерот Антонио Бандерас изјави дека се уште на дневна база разговара со поранешната сопруга Мелани Грифит и истакна дека таа секогаш ќе биде дел од неговото семејство. Парот се раздели во 2015 година, но сепак останаа блиски пријатели.

профимедиа

59-годишниот актер истакна дека со 62-годишната Мелани поминал прекрасни години, а ја имаат и ќерката Стела (24) која заедно ја одгледуваат. „Мислам дека никој од нас не сака да се откаже од 20-годишниот брак. Луѓе сме и грешиме како и сите други“, изјави Бандерас. Тој додаде дека Мелани секогаш ќе му биде најдобра пријателка.

Прочитајте и...  Двејн Џонсон повторно најплатен глумец
профимедиа

Антонио и Мелани се запознаа на снимањето на комедијата „To Much“, а врската ја започнаа веднаш. Се венчаа во Лондон во 1996 година по само неколку недели врска, а истата година е родена и нивната ќерка Стела.

профимедиа

„Имаме прекрасна ќерка која и двајцата ја сакаме и многу сме среќни“, говореа Бандерас и Грифит. Стела денес е манекенка, а уште како девојче глумеше со мајка и во филмовите. На крајот се одлучи за пресврт во кариерата, но родителите ја поддржаа. Родена е во Марбеља, но порасна во Лос Анџелес.

профимедиа

Бандерас и Грифит веќе долго не живеат заедно, но актерот редовно ги посетува ќерката и поранешната сопруга, и за нив сето тоа е природно. Светските медиуми со години пишуваа дека тие се еден од најцврстите парови во Холивуд, но за жал и на нивната љубов и дојде крајот.

Прочитајте и...  Сѐ уште сте сами? Хороскопот ќе ви открие зошто!

Актерката има уште две деца, Дакота (30) која ја доби со Дон Џонсон за кој се мажеше два пати и синот Александар (34) од Стивен Бауер.

Прочитај повеќе

Јапонски метод против мрзливост: Доволна ви е само 1 минута дневно!

Слободен печат

Сара Мејс си ја избричи главата! (ФОТО)

Васко Спасоски

Славниот Трини Лопез почина од коронавирусот! (ФОТО)

Васко Спасоски

Заблажете си го попладнето со брзи чоколадни колачиња

Слободен печат

Двејн Џонсон повторно најплатен глумец

Слободен печат

Уништете ги бактериите во организмот со редовно јадење на аронија

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Киану Ривс е бесмртен! Глумецот во центарот на смешна теорија на заговор

Слободен печат

Слатко исчекување во најголема тајност: Ед Ширан и неговата сопруга ќе станат родители

Слободен печат

На кампување во Македонија, разговор со Бојан Трајкоски, искусен кампер: Кампувањето е нова култура за новите генерации

Јасмина Кантарџиева Димков

Отстранете ја анксиозноста за помалку од една минута

Слободен печат

Конечно е откриено зошто не успеал првиот брак на Меган Маркл: Тревор бил доминантен во врската (ФОТО)

Слободен печат

11 докажани симптоми на ковид-19 што не смеат да се игнорираат

Слободен печат