Ѕвездата од серијата „Пријатели“ ја загуби битката со ракот – Почина во домот на најдобрата пријателка

Актерката Мери Пет Глисон, која фановите на култната серија „Пријатели“ ја паметат као „лудата“ медицинска сестра Сизмор, почина на 71 година од последици од канцерот со кој се бореше.

Нејзиниот пријател и колега, 63-годишниот Ронс Фаслер ја потврди тажната вест на социјалните мрежи.

– Една од најдрагите личности кои некогаш сум ги запознал и со кои ми било задоволство да се запознаам, вчера почина. Беше грижлива, забавна… Не можам да го замислам светот без нејзината присутност и нејзината насмевка, напиша тој.

Мери почина на 2. јуни откако се бореше со ракот на матката. Таа одигра повеќе од 100 улоги, а добитничка е и на Еми наградата.

Актерката има големо и сакано семејство, но тие не ја виделе во последниот период поради ситуацијата со коронавирусот, со цел да ја заштитат од заразување, па така таа со цел да не седи сама се преселила во домот на својата најдобра пријателка, каде за жал починала.

Мери беше позната и по улогите во американските ТВ серии „Мамичка“ и во комедијата „Пепелашка“, а освен тоа глумеше и во хумористичните серии „Вил и Грејс“, „Домаќинки“, „Живот на парчиња“, „Како да се извлечеш од убиство“, „Сексот и градот“ и во уште многу други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот