Зошто некои светски ѕвезди не сакаат да ги користат социјалните мрежи?

Фото: ЕПА/ЕФЕ

Во денешно време е познато правилото „Кој нема профил на социјалните мрежи, тој исто како и да не постои“. Профилите на Инстаграм, Твитер и Фејсбук на многумина им служат како замена за личната карта, но постојат и такви славни личности кои не се заинтересирани за тоа.

Profimedia
Фото: Профимедиа

Фотографиите од популарната актерка Скарлет Јохансон можно е да ги пронајдете само на официјалните профили и фан страните. Скарлет изјави дека нема отворени профили и дека не сака да ги споделува моментите од својот приватен живот со јавноста.

Фото: Профимедиа

Кира Најтли поседува официјална и фан страница, но таа сепак одби да направи свој личен профил.

Рејчел Мекадамс слично како и Кира Најтли, не сака да биде активна на социјалните мрежи.

„Слушам вести на радио, но немам телевизор и не користам многу интернет“, изјави Рејчел во една прилика.

Фото: Инстаграм

Сандра Булок исто така не е корисник на ниту една социјална мрежа.

„Не ги презентираме своите животи реално. Никогаш нема да направам селфи кое не можам да го избришам. Ништо не објавувам“, изјави Сандра Булок.

Фото: Профимедиа

Џенифер Лоренс никогаш немала профил на социјалните мрежи. На Инстаграм постојат повеќе страници кои ги водат фановите, но таа нема свој верификуван профил.

„Не сум добра со технологијата. Не можам да ги следам ниту мејловите, па идејата за отварање на профил на социјалните мрежи ми е незамислива“, изјави Џенифер.

Фото: Профимедиа

Емили Блант не е ништо поинаква од споменатите дами.

„Јас сум како диносаурус кога станува збор за технологијата. Некогаш не се сеќавам да им одговорам на луѓето ниту на обичните пораки“, изјави Емили.

Фото: EPA/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Кејт Винслет доживеа неверојатна слава со улогата во филмот Титаник, но одби да ги користи социјалните мрежи.

„Тоа има неверојатно лошо влијание на самодовербата, бидејќи сите на Инстаграм креираат идеална слика за себеси и ја презентираат на другите. Што се случува тогаш? Пореметување во исхраната. Тоа многу ме нервира и тоа е причината поради која не сакам да бидам на социјалните мрежи“, нагласи Кејт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот