Забавите, алкохолот и дрогата се зад неа: Кејт Мос денес живее сосема поинаков живот! (ФОТО)

профимедиа

Една од најпознатите светски парти девојки, Кејт Мос, се смири и секој ден, како што вели, во 23 часот оди на спиење. Потребни и се осум часа сон, бидејќи инаку не може да функционира. Оваа легендарна манекенка живееше бурен и скандалозен живот, а сега како што и самата за себе вели, конечно се смирила.

profimedia

Кејт Мос (46) светски познатата манекенка, припадничнката на златната манекенска генерација во 90-те, ја отвори душата за „EL“ и откри како дивите забави и таквиот начин на живот се зад неа. Кејт е целосно трезна веќе две години, а во најлудата фаза го носеше надимакот „The Tank“ поради огромната способност за пиење на алкохолни пијалоци.

profimedia

„Во 23 часот морам да бидам во кревет, палам Нетфликс и веднаш заспивам“, изјави таа за „EL“. Поранешната манекенка објасни дека штотуку завршила со гледањето на серијата ‘„Sex Education”. „Станувам во 8 наутро, но доколку не спијам точно осум часа, не се чувствувам убаво во текот на денот“, откри Мос.

profimedia

Новиот порок на Кејт е дневната доза на јога и со неа го започнува денот, има и велосипед, но не го користи често. Нејзините долгогодишни пријатели и деловни соработници ја потврдија оваа приказна и објаснија дека сега многу подобро се забавуваат отколку претходно, кога главна рутина им биле дрогата и алкохолот.

профимедиа

Таа појасни и како дошла до надимакот „The Tank“. Таа веднаш по будењето посегнувала по алкохол, па потоа и за време на ручекот, а потоа и цела ноќ, така што буквално цел ден пиела алкохол и можела да испие повеќе од било кој во друштвото.

Среќна е и моментално мисли дека парти начинот на живот за неа е „завршена приказна“, како поради себе така и поради ќерката Лил (17), која ја доби во врската со Џеферсон Хак, кои целосно и помогнале да стигне на патот на кој се наоѓа сега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот