17.8 C
Скопје

„Whitesnake“ го претставија албумот со најубавите љубовни песни

„Love Songs“ содржи и 3 досега необјавени песни…

Неколку месеци по објавувањето на изданието „The Rock Album”, рок легендите „Whitesnake“ го претставија албумот „Love Songs“ – компилацијата, односно вториот наслов од серијата изданија „Red, White and Blues Trilogy”.

Ова е нова колекција организирана според музичките теми, која опфаќа повеќе од три децении кариера – преку песни оригинално објавени на шест студиски албуми во периодот од 1984 до 2011 година, пренесува „Headliner“.

„Love Songs“ компилацијата е објавена на CD со двоен црвен омот и содржи 15 повторно миксирани и мастеризирани верзии од најдобрите љубовни песни од огромната и скапоцена мултиплатинеста кариера на бендот. Овде се сместени и необјавените песни „With All of My Heart”, „Yours for the Asking” и „Let’s Talk It Over”, кои оригинално се снимени за третиот соло албум „Into The Night“ со фронтменот Дејвид Ковердејл.

Песните кои се застапени на „Love Songs“ албумот се: Love Will Set You Free, The Deeper the Love, All I Want, All I Need, Too Many Tears, Can’t Go On, Is This Love, With All of My Heart, Summer Rain, Your Precious Love, Now You’re Gone, Don’t You Cry, Midnight Blue, Easier Said Than Done, Yours For The Asking и Let’s Talk It Over.

Поврзани вести

ФОТО | Анџелина Џоли има нова тетоважа: Актерката го украси телото со позната изрека од Галилео Галилеј

Слободен Печат

„Охрид фест – Охридски трубадури“ со Фолк и Интернационална вечер на 10 и 11 септември

Слободен Печат

Не паничете: Што да направите ако ви се заглави коска од риба во грлото?

Слободен Печат

Испит

Слободен печат

Дневен хороскоп за 18 јуни: Потпрете се на својата интуиција

Слободен Печат

На денешен ден – 18 јуни

Слободен печат

Остави Коментар