Во невремето во БиХ загина еден човек

Во денешното невреме што го зафати северозападниот дел на Босна и Херцеговина загина едно лице.

Како што потврди полицијата, но без да наведе детали, во невремето во Бихаќ загина еден маж.

Бурата предизвика материјална штета во повеќе градови.

Силниот ветер откорна дрва во Бихаќ, а во Цазин ветерот носеше кровови на куќи, и собори дрвја и огради.

На подрачјето на Костојница ветерот достигна брзина од 50 до 70 километри на час

Видео на денот