Албанската кујна е спој на многу традиционални рецепти богати со зеленчук и квалитетно месо. Близината на морето исто така има големо влијание врз албанската кујна и рецептите што се подготвуваат на нивен специфичен начин. Супите во националната албанска кујна заземаат почесно место, особено супите од риба. Десертите се неизбежни, а пак албанските десерти се секогаш богати со овошје.
Рибата е многу често застапена на албанската трпеза како супа, салати и секако главно јадење.
Денес ви претставуваме една албанска салата со риба и многу зеленчук.
Состојки:
– спанаќ – 500 гр, свеж
– харинга – 200 гр, филети (маринирани)
– пиперки – 2 парчиња
– маслинки – 250 грама
– ореви – 50 грама
– црвен кромид – 1 главица
– морков – 1 парче
– лук – 1 чешне
– магдонос – 1 гранче
– сок од лимон
– маслиново масло
Подготовка:
Спанаќот убаво измиен се сече на мали парчиња. Морковот се сече на мали коцки и се потопува во свежо исцеден сок од лимон и се остава во него околу 20 минути.
Пиперките исто така се сечат на мали парчиња, оставајќи неколку прстени за украсување на салатата. Црвениот кромид е исто така ситно исечен, оставајќи неколку прстени за украсување.
Во подлабок сад измешајте ги спанаќот, кромидот, пиперките, листовите нане, зелените маслинки магдоносот, оревите, лукот и морковите на коцки исцедени од сокот од лимон.
Потоа подгответе прелив од сок од лимон, бибер, сол и маслиново масло, прелијте ја салатата и промешајте.
Филетите од харинга треба да се убаво испржени. Потоа се сечат на долги ленти и се додаваат во салатата. По желба може да се додадат и коцки препечен леб.
Украсете со кругови од црвен кромид и пиперка.
Добар апетит!
Вкусови што се памтат: Албанска кујна – Пачавуре, колач со готови кори и шербет од портокал (РЕЦЕПТ)
Вкусови што се памтат: Албанска кујна – Кулач, леб со сода и јогурт (РЕЦЕПТ)