Вкусови што се памтат: Албанска кујна – Кулач, леб со сода и јогурт (РЕЦЕПТ)

Фото:Јутуб-Принтскрин

Албанската кујна е спој на многу традиционални рецепти богати со зеленчук и квалитетно месо. Близината на морето исто така има големо влијание врз албанската кујна и рецептите што се подготвуваат на нивен специфичен начин. Супите во националната албанска кујна заземаат почесно место, особено супите од риба. Десертите се неизбежни, а пак албанските десерти се секогаш богати со овошје.

Денес нашиот предлог рецепт е Кулач, домашен албански леб или попознат како леб со сода и јогурт. 

Состојки:

– 450 гр брашно
– 500 гр грчки јогурт
– 1/2 лажиче сол
– 1 лажиче сода бикарбона
– маслиново масло

Подготовка:

Во поголем сад прво измешајте ги сувите состојки – брашно, сода бикарбона и сол. Направете дупка на средината на садот со сувите состојки па додадете го јогуртот. Со раце полека мешајте ги состојките заедно за да започне да се формира тесто.

Потоа тестото извадете го од садот и месете го на набрашнета површина, додавајќи дополнително брашно ако сметате дека текстурата е премногу леплива. Тестото е подготвено кога нема да биде веќе лепливо, но внимавајте да не претерате со брашното.

На плех додадете малку масло и ставете го тестото одозгора. Израмнете го тестото во форма на круг, со тоа што висината на тестото да е околу 5 см. Премачкајте го тестото убаво со маслиново масло и на десетина места прободете го подлабоко со вилушка.

Ставете ја на најдолниот дел во претходно загреаната рерна. Печете 40 минути или додека тестото не стане златно и цврсто на допир. Откако ќе го извадите од рерната, оставете го да се олади неколку часа, а потоа исечете го на парчиња.

Вкусови што се памтат: Албанска кујна – Пачавуре, колач со готови кори и шербет од портокал (РЕЦЕПТ)

Вкусови што се памтат: Албанска кујна – Пита со говедско и пилешки гради (РЕЦЕПТ)

Вкусови што се памтат: Албанска кујна – Флија, кора по кора – без сукање!

Вкусови што се памтат: Албанска кујна – Пита со говедско и пилешки гради (РЕЦЕПТ)

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот