Вкусови што се памтат: Албанска кујна – Пита со говедско и пилешки гради (РЕЦЕПТ)

Фото: Профимедиа

Албанската кујна е спој на многу традиционални рецепти богати со зеленчук и квалитетно месо. Близината на морето исто така има големо влијание врз албанската кујна и рецептите што се подготвуваат на нивен специфичен начин. Супите во националната албанска кујна заземаат почесно место, особено супите од риба. Десертите се неизбежни, а пак албанските десерти се секогаш богати со овошје.

Денес нашиот предлог рецепт е пита со говедско месо и пилешки гради. Пита која често се подготвува во албанските семејства, која е многу богата и многу заситува. Одличен избор за денешен ручек.

Состојки:

– 500 гр кори за пита
– 300 гр мелено говедско месо
– 3 лажици брашно
– 1 кромид
– 1 коцка од пилешка супа
– 150 мл павлака
– 200 гр пилешки гради
– 2 јајца
– ½ лажици вински оцет
– 2 чешниња лук
– масло
– сол и мелен црн пипер

Подготовка:

Сварете ја коцката пилешка супа во 500 мл врела вода. Исечете ги пилешките гради на половина по должина и ставете ги да се готват во тенџере со супа. Потоа вареното пилешко ситно исечкајте го.

На загреано масло запржете го ситно исечканиот кромид и кога ќе омекне, додадете го меленото говедско месо. Кога месото убаво ќе се испржи, зачинете со сол и бибер и тргнете го од оган.

Во киселото млеко додадете оцет, јајца, брашно, мелени чешниња лук и мешајте со жица за матење додека не се соединат состојките.

Во правоаголен сад за печење убаво премачкан со масло наредете три кори свиткани во големина на садот една врз друга и посипете ја секоја кора со масло. На кората ставете половина фил од мелено месо. Покријте со три кори свиткани на ист начин и посипете ја секоја со масло. Врз нив го ставате пилешките гради ситно исечкани. Покријте со уште три кори попрскани со масло, така што краевите на кората да висат надвор од садот. Врз нив ставете го преостанатиот фил од мелено месо и покријте го со краевите на кората што ја попрскавте со масло.

Исечете ја питата на коцки и повторно убаво посипете ја со масло.

Печете околу 40 минути во рерна загреана на 220 ° С. По 40 минути печење, истурете врз питата 200 мл од пилешка супа, а потоа ставете ја мешавина од јајца и павлака на питата. Печете уште 30 минути на иста температура.

Одлична идеја за убав семеен ручек.

Добар апетит!

 

Вкусови што се памтат: Албанска кујна – Пачавуре, колач со готови кори и шербет од портокал (РЕЦЕПТ)

Вкусови што се памтат: Албанска кујна – Флија, кора по кора – без сукање!

Вкусови што се памтат: Албанска кујна -ТАВЕ КОСИ ЕЛБАСАН- Месо и ориз печени во јогурт (РЕЦЕПТ)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот