ВИДЕО | Во животот на Игор Џамбазов се појави Ферхунде: Ќе живееме среќно до крајот на мојот живот

Фото: Инстаграм / Игор Џамбазов

Македонскиот актер и пејач Игор Џамбазов е познат по својата љубов кон животните. До пред десетина години го чуваше Бошко, куче од расата пинч, за кого велеше дека бил „куче што живееше како човек“.

Потоа, во 2011 година, ја вдоми мачката Емилија, која беше и главен лик во неговата книга „Приказни од Мјакедонија“ (2013), а која за жал почина пред речиси половина година. Тогаш Џамбазов сподели емотивна објава во која се збогуваше од својата драга миленичка.

Сега, тој објави неколку видеа на својот инстаграм-профил и се пофали дека има нов миленик, односно дека вдомил куче по име Ферхунде Граникова.

Од денес Ферхунде Граникова започна нов живот. Далеку од опасните дојрански улици, по кои камионите шибаат стотка на саат. Далеку од лошото друштво во Сретеново со кое за жал се дружеше, со бурен ноќен живот и лаење по ѕвездите до пет сабајле. Утрово со несебична помош на @marjanarizzanov и набљудувачот @gjurochukov , ја сместивме во патничко возило и ја однесовме во нејзиниот привремен дом, во Гевгелија, кај тета Александра и чичо Коко. Тие ќе ја исчистат од паразити во мешето, крлежи по крзното, па бањање, па малку козметика, па шетање, па лапачка, па на крајот мирен сон.

А кога Ферхунде конечно ќе дипломира, се враќа во родниот крај каде што ќе живееме среќно до крајот на мојот живот“, напиша Џамбазов покрај видеата.

 

ФОТО | „Емче замина на небото“: Игор Џамбазов се збогуваше со својата мачка

ФОТО | Александар Џамбазов доби мурал во Дебар Маало: Да го негуваме споменот на оние кои оставиле трага во својата професија

Во Дебар Маало промовиран муралот и одбележан роденденот на маестро Џамбазов

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот