Во Дебар Маало промовиран муралот и одбележан роденденот на маестро Џамбазов

Фото: Општина Центар

Со промоција на муралот посветен на маестро Александар Џамбазов во Дебар Маало и со изведба на неговите познати хитови, Општина Центар го одбележа роденденот на великанот на македонската популарна музика.

Настанот насловен „За Маестрото“ привлече голем број посетители кои уживаа во забавната програма, подготвена во соработка со актерот Игор Џамбазов, синот на големиот диригент и композитор.

Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Градоначалникот Горан Герасимовски и Игор Џамбазов симболично пресекоа лента пред сликата на Џамбазов со Златните славејчиња.

Муралите во Центар се секојдневие, но овој мурал навистина е нешто посебно. За тоа се заслужни уметниците Драган Китановски-Драш и Марјан Димиќ-Мачка, кои со своето дело го украсија Дебар Маало. Уште еден великан си го доби заслуженото место во нашата општина, истакна Герасимовски.

Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Игор Џамбазов своерачно додаде виолински клуч на сликата, по што следеше музичкиот дел од настанот во изведба на поранешните „Златни славејчиња“ и „Развигорчиња“ , а под диригентска палка на Запро Запров и пијано придружба на Марија Ѓошевска. Тие настапија со евергрините: „Песна за Скопје“ („Градот убав“), „За сите деца“, „Мојата учителка“ и „Еј, гулаби, гулаби бели“, за чија изведба специјално од Битола допатува оригиналното „Златно славејче“ од 1972 година, Билјана Дамјановска Јанчевска.

Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

На настанот беше промовирана и книгата “Чичко маестро Џамбаз, во светот на децата” на авторите Бранка Костиќ-Марковиќ и Марко Коловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот