ФОТО | Александар Џамбазов доби мурал во Дебар Маало: Да го негуваме споменот на оние кои оставиле трага во својата професија

Фото: Фејсбук/Горан Герасимовски

Македонскиот диригент и композитор Александар Џамбазов доби мурал во скопската населба Дебар Маало, соопштија од општина Центар.

Уметничкото дело, посветено на великанот на современата македонска музика, е насликано на ѕид близу ресторанот „Наџак“, на улицата Орце Николов.

Муралот го насликаа уметниците Драган Китановски – Драш и Марјан Димиќ – Мачка и е своевидно потсетување на музичкиот опус на македонскиот диригент, текстописец, композитор и основач на детскиот фестивал „Златно Славејче“.

По повод одбележување на неговото вечно заминување, на 25 јануари наредната година, општина Центар ќе организира настан со учество на познати македонски уметници и членовите на хорот „Златно славејче“.

„Да ги почитуваме и негуваме спомените и делата на познатите и еминентни личности кои оставиле трага во својата професија“, напиша градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.

Фото: Фејсбук/Горан Герасимовски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот