ФОТО | „Емче замина на небото“: Игор Џамбазов се збогуваше со својата мачка

Фото: Приватна архива/Инстаграм/Игор Џамбазов

Македонскиот актер и пејач Игор Џамбазов е познат по својата љубов кон животните. До пред десетина години го чуваше Бошко, куче од расата пинч, за кого велеше дека бил „куче што живееше како човек“.

Потоа, во 2011 година, ја вдоми мачката Емилија, која беше и главен лик во неговата книга „Приказни од Мјакедонија“ (2013).

Денеска Џамбазов сподели дека се збогувал од својата драга миленичка.

„Денеска мојата Емче замина на небото. Најмилото сонце мое…“, напиша тој на Инстаграм, споделувајќи фотографија од мачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот