ВИДЕО | Уживајте ова попладне: Мини торта од јагоди во чаша, совршена за топлите денови

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Ништо повкусно досега немате пробано… Подгответе го овој превкусен десерт за ова попладне и уживајте во фантазијата од вкусови. Верувајте, штом еднаш го подготвите, потоа тој се почесто ќе се наоѓа на вашето мени.

Состојки:

-300 гр јагоди
-150 гр мелени бисквити
-100 гр стопен путер
-4 супени лажици густин
-4 лажици шеќер
-250 гр маскарпоне
-рендано бело сирење 150 гр
-4 лажици шеќер во прав
-200 гр шлаг

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Подготовка:

На 150 гр мелени бисквити додадете 100 гр растопен путер и измешајте. Во друг сад измешајте 4 лажици густин и 4 лажици вода.

Во сад на оган ставете 300 гр јагоди или друго овошје, додадете 5 лажици вода и почекајте да зоврие, повремено мешајки.

Додадете го густинот и мешајте додека не се стегне. Оставете на страна.

Во сад измешајте 250 гр сирење маскарпоне, 150 гр рендано сирење и 4 лажици шеќер во прав и измешајте со миксер.

Во друг сад изматете 200 мл шлаг во цврст снег. Соединете го кремот и добро измешајте со лажица и наполнете ги чашите: слој бисквити – слој шлаг – слој јагоди.

Целиот процес на подготовка погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот