ВИДЕО: Најмладиот учесник на Олимпијадата во Токио има 12 години

Фото: facebook.com/Hend-Zaza-official

Хенд Заза ќе биде најмладиот учесник на претстојните Летни олимписки игри во Токио (Јапонија) кои ќе се одржат од 23 јули до 8 август.

Заза има само 12 години, доаѓа од Сирија и ќе настапи на олимпискиот турнир во пинг понг. Ова девојче започна да се занимава со овој спорт уште од пет годишна возраст.

Станува збор за огромен талент, со неверојатни вештини и ќе биде најмладиот олимписки учесник од 1968 година.

Во сите детски категории таа е шампион во нејзината земја, триумфираше на квалификацискиот турнир на Западна Азија и на тој начин дојде до учество на Олимпијадата.

– Започнав да го играм овој спорт, бидејќи сакам да бидам како мојот брат кој беше национален шампион. Ги гледав неговите настапи и му реков дека сакам да бидам како него. Ми даде голема поддршка и ми кажа дека доколку тренирам напорно можам многу да постигнам – рече Заза.

ВИДЕО: Што јадат спортистите во Токио, погледнете како изгледа ресторанот во олимпиското село

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот