ВИДЕО: Што јадат спортистите во Токио, погледнете како изгледа ресторанот во олимпиското село

принсткрин/twitter

Свечената церемонија на отворање на Игрите во Токио ќе биде утре, а олипиското село каде се сместени спортистите веќе е полно.
Главна ѕвезда во олимпиското село е најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ кој е омилена „мета“ за фотографирање  на останатите спортисти.

Покрај картонските кревети во олимпиското село во центарот на вниманието е и храната бидејќи ресторанот кој се наоѓа во големиот комплект е единствено место каде сите спортисти и членови на делегациите можат да се хранат.
Организаторот секој ден за 18.000 лица колку што престојуваат во олимпиското село, подготвува околу 48.000 оброци, а на менито има дури 70 различни јадења.

Аргентинскиот кошаркарски репрезентативец Франсиско Кафаро на социјалните мрежи објави видео на кои покажа како излгледа влегувањето во ресторанот и каков избор на храна имаат.


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот