ВИДЕО: Кина најдобра со четири медали на првиот ден, остварени нови олимписки рекорди

Фото: EPA-EFE/KIYOSHI OTA

Заврши првиот натпреварувачки ден Летните олимписки игри во Токио, беа доделени вкупно 37 медали, а вкупно 28 држави имаа свој претставник на подиумите.

САД изненадувачки не освои медал на првиот ден, Кина најсилно започна со четири медали, од кои три златни и еден бронзен.

Добро стартуваа и Италија и домаќинот Јапонија со по два медали, еден златен и еден сребрен.

Од балканските земји Србија веќе дојде до два медали (по еден сребрен и бронзен), Косово има еден златен медал, Романија еден сребрен и Словенија една бронза.

Фото: EPA-EFE/Michael Reynolds

Настапија и првите македонски олимпијци, во дисциплината 10 метри воздушен пиштол Борјан Бранковски само за пет кругови пропушти влез во финалето.

Пливачот Филип Деркоски имаше најслаб резултат во квалификациите на 400 метри слободно освојувајќи го 36 место.

ЛОИ 2020 ТОКИО – табела, освоени медали –

– Кина 4 медали (3 златни, 1 бронзен)
– Италија 2 медали (1 златен, 1 сребрен)
– Јапонија 2 медали (1 златен, 1 сребрен)
– Република Кореја 3 медали (1 златен, 2 бронзени)

– Еквадор, Унгарија, Иран, Косово, Тајланд 1 медал (1 златен)
– Србија, Руски Олимписки комитет 2 медали (1 сребрен, 1 бронзен)
– Белгија, Шпанија, Индија, Холандија, Романија, Кинески Тајпеј, Тунис 1 медал (1 сребрен)

– Естонија, Франција, Индонезија, Израел, Казахстан, Мексико, Монголија, Словенија, Швајцарија, Украина 1 медал (1 бронзен)

Фото: EPA-EFE/Ciro Fusco

– Го имаме првиот олимписки рекорд

Норвежанката Јанет Хег Дуестад оствари олимписки рекорд во квалификациите, во дисциплината воздушна пушка 10 метри, откако серијата ја заврши со резултат 632,9 кругови.

– Најмладата олимпијка во Токио го заврши настапот

Хенд Заза која настапува во пинг понг е најмладата натпреварувачка на ЛОИ во Токио. Во својот прв меч со резултат 4:0 загуби натурализираната Австријка Џиа Лиу.

– Прв златен олимписки медал за Кина во Токио

Јанг Ксијан го освои златен медал за Кина, откако во дисциплината воздушна пушка 10 метри беше подобра од Русинката Анастасија Галашина од Русија. Освои 251,8 поени во сеирјата и така забележа нов ОИ рекорд во финалињата.

– Новак Ѓоковиќ успешно го започна олимпискиот тениски турнир со понедата над Делиен, а победнички стартуваше и Данил Медведев.

– Кина запиша нов олимписки рекорд

Џихуек Хоу дојде до златото во дисциплината кревање тегови во категоријата до 49 кг, подигна тежина од 210 килограми, три помалку од светскиот рекорд кој е во нејзино сопствеништво. Таа денеска со резултат 210 кг постави нов олимписки рекорд.



Видео на денот