ВИДЕО | Џенифер Лопез ги облече фармерките стари 25 години и ги воодушеви обожавателите
Веќе знаеме дека Џенифер Лопез (56) изгледа одлично, но дека парчето облека што го носела пред 25 години ѝ стои совршено и денес (а можеби и подобро) е навистина фасцинантно.
Препорачано
Латино дивата привлече големо внимание на социјалните мрежи кога покажа дека сè уште може да ги носи истите фармерки од спотот од 2001 година за песната „Ain’t It Funny“. Станува збор за уникатен модел на брендот „Версаче“, кој и денес ги воодушевува жените.
Фармерките се со ниска половина, имаат врвки наместо процепи и од страните, а се чини дека Џенифер е постегната и има поимпресивни стомачни мускули отколку во видеото.
Во спотот таа носела црна маица со прерамки, додека сега облекла бел топ со ролка и покажала колку е згодна.
View this post on Instagram
Познато е дека Џеј Ло тренира речиси секој ден за да биде во врвна форма дури и на 56 години и тоа е само дел од нејзината строга рутина, а за неа и за нејзината фигура важи добрата стара изрека дека „старее како вино“.
Песната „Ain’t It Funny“ е еден од најголемите хитови во нејзината кариера.


