ВИДЕО: Атланта ја расипа рекордната вечер на Дурент

Кевин Дурент останува верен на НБА клубот Бруклин нетс/ фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Ѕвездата на Бруклин нетс, Кевин Дурент постигна рекордни во кариерата 55 поени, но и покрај тоа неговиот тим е поразен од Атланта хоус со 122:115. „Јастребите“ до триумфот дојдоа благодарение на Тре Јанг кој натпреварот го заврши со 36 постигнати поени, од кои девет даде во последната минута.


Покрај Јанг, одлично одиграа и резервистите на Атланта постигнувајќи 46 поени, наспротив 12 на резервистите на Бруклин.

Мајами хит со 129:109 го победи Чикаго булс и остана лидер во Источната конференција со скор 50-28 и има една победа повеќе од Милвоки.


Џими Батлер беше предводник на Мајами со 22 поени, а по 19 постигнаа Кајл Лаури и Тајлер Хироу, додека кај Чикаго се истакнаа Зек Лавин со 33 и Демар Дерозан со 26 поени.

Голден Стејт вориорс со победата од 111:107 над Јута го завери учеството во плеј-офот. Одлучувачки момент за триумфот беше серијата 24:6 за Голден Стејт во последните осум и пол минути од натпреварот. Клеј Томпсон ја предводеше листата на стрелци кај „воините“ со 36 поени, додека Џордан Пул даде 31 поен. Кај Јута Мајк Конли и Донован Мичел постигнаа по 26 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот