ТЕ-ТО го доби тендерот на БЕГ вреден 21,6 милиони евра

фото: Слободен печат/Д.Митрески

Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД-Скопје го доби тендерот за набавка на природен гас, распишан од Производство на топлина „Балкан Енерџи“ ДООЕЛ Скопје.

Според податоците објавени на Електроснкиот систем за Јавни набавки, станува збор за набавка на природен гас до 63.000.000 Nm3 за мерни станици на договорниот орган – Топлана Исток, Топлана Запад и Топлана 11 Октомври во Скопје.

Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 1.330.278.474 денари или околу 21,6 милиони евра, а се предвидува испораката да започне од 01.10.2019 и се планира да заврши 30.04.2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот