Супер занимација за ова попладне – Направете го ова овошно колаче со јагоди, крем и мека коричка – совршен десерт за вашето семејство!

јутјуб

Вистинско летно освежување во вид на прекрасно колаче…

Потребно ви е:

За жолтата кора

– 4 жолчки
– 100 гр путер
– 100 гр шеќер
– 130 гр брашно
– 5 лажици вода
– 100 мл млеко
– 1/2 прашок за печиво

За светлата кора:

– 4 белки
-100 гр шеќер
– 1 полна лажица густин или брашно

За овошниот дел:

– 600 гр јагоди
– 500 мл вода
– 3 лажици шеќер
– 2 пудинга со вкус на слатка павлака

Шлаг:

200 мл слатка павлака или шлаг крем

Подготовка:

Изматете го путерот со малку шеќер, додадете ги жолчките, брашното со прашокот за печиво, водата и млекото. Се изедначете и сипете во подмачкан плех или на хартија за печење. Тавче со големина 30×25. Печете на 180 степени околу 25 минути.

Изматете го белките со шеќерот и додадете густин, изедначете и печете на 170 степени околу 90 минути.

Кората мора добро да се исуши како за пуслици. Во 500 мл додадете го шеќерот, па кога ќе зоврие додадете ги исчистените јагоди да вријат се додека смесата не се намали до 1/3, па додадете го пудингот. Изладете малку.

Жолтата кора премачкајте ја со овошниот дел од јагодата, преку јагодите ставете изматен шлаг (можете да оставите малку да се премачкаат страниците). Преку шлагот оди светлата кора. Преку светлата кора можете да наросите шеќер во прав. Колачот мора да преноќи со цел целосно да се олади и да ги впие сите сокови или пак да отстои минимум 6 часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот