Со Вељко ситно бројат: Откриено кога ќе се породи Богдана, снаатa на Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/Вељко Ражнатовиќ

Богдана и Вељко Ражнатовиќ го очекуваат доаѓањето на третиот син, кој веќе одлучиле да го крстат Илијан. Младиот брачен пар со нетрпение го чека новото бебе, а Вељко на својот инстаграм-профил често споделува фотографии од клиниката каде што ќе се породи неговата сопруга. Двојката оди заедно на редовни контроли и прегледи, а Вељко неодамна откри дека радосниот момент на породување ќе се случи во април. Интересно е што во април се роди и нивниот помал син Крстан, што значи дека разликата меѓу браќата ќе биде мошне мала, можеби и помала од една година.

Инаку, во едно неодамнешно интервју Вељко откри дека нивните синови Крстан и Жељко ја нарекуваат неговата мајка, односно баба им „Цецо“, иако тој е против тоа. Тој истакнува дека тоа можеби е прифатливо кога децата се мали, но дека тоа веројатно ќе се промени како што децата ќе пораснат. Сепак, тој нагласува дека децата ќе мора да ја викаат баба, бидејќи тоа е дел од циклусот на животот.

Инаку, Богдана беше активна трудница и за време на претходните две бремености, а според објавите на социјалните медиуми, таа и сега наоѓа време за ноќни излегувања со членовите на семејството и со пријателите.

 

Цеца стана баба по вторпат: Внукот се роди на роденденот на Аркан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот