Со дрон го снимале 14-месечниот Арчи – Хари и Меган ги тужат медиумите поради папарацо фотографии

Војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган, поднеле тужба во САД против неименуван фотограф што наводно се обидувал да го снима и да го фотографира нивниот 14-месечен син Арчи.

Тужбата е против фотограф што наводно без дозвола да го направи тоа, правел фотографии и снимки од Арчи, во периодот кога семејството престојувало во изолација поради коронавирусот во нивниот дом во Лос Анџелес, пишува Би-би-си.

Парот во тужбата напишал и дека со ваквиот начин на фотографирање, им се „одзема правото на приватност“.

– Секој поединец или семејство во Калифорнија има законски загарантирано право на приватност во својот дом. Ниту еден дрон, хеликоптер или телескопски објект не може да го одземе таквото загарантирано право – изјавил нивниот адвокат Мајкл Камп.

Адвокатот додал и дека Хари и Меган се одлучиле за тужба, поради тоа што сакаат на своето дете да му обезбедат мирен престој дома и да спречат поединци да профитираат од фотографиите направени на ваков начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот