Славниот рапер и модна икона Ејсап Роки ќе одржи концерти во Белград и во Загреб
Мултиталентираниот американски рапер, продуцент и модна икона Ејсап Роки (A$AP Rocky) официјално го потврди проширувањето на својата светска турнеја „Don’t Be Dumb“. На големо задоволство на хрватските обожаватели, на долгиот список на европски градови се најде и Загреб, каде што оваа глобална ѕвезда ќе настапи за првпат.
Препорачано
Во продукција на „Лајв нејшн“, Ејсап Роки претстави материјал од новиот истоимен албум „Don’t Be Dumb“, неговото прво студиско издание по цели осум години пауза од снимање плочи. Првиот и историски концерт пред хрватската публика е закажан за 6 октомври 2026 година во салата Арена Загреб. Концертот во Хрватска е дел од есенската европска турнеја, во текот на која Ејсап Роки ќе настапува и во Унгарија и Србија, односно во Будимпешта и Белград.
Европскиот и британскиот дел од турнејата започнува на 25 август во ИНГ Арена во Брисел, а вклучува настапи во Лондон, Милано, Минхен, Стокхолм, Хамбург, Берлин, Париз и други градови. Турнејата дополнително беше продолжена со нови датуми во Лоџ, Прага, Будимпешта, Загреб и Белград, пред последниот настап во Атина.
Раперот на 6 октомври ќе одржи концерт во Загреб, а на 8 октомври – во Белград.
Инаку, Ејсап Роки е во долгогодишна врска со музичката ѕвезда Ријана, со која има три деца.
Ејсап Роки призна дека се променил откако станал татко: „Многу сум емотивен“


