Ејсап Роки призна дека се променил откако станал татко: „Многу сум емотивен“
Раперот и актер Ејсап Роки неодамна призна дека значително се променил откако станал татко. Во интервју за списанието „Ви Магазин“, тој изјави дека татковството го направило поемотивен и подобар човек.
Препорачано
Инаку, Роки со својата долгогодишна партнерка Ријана ги има синовите РЗА (3) и Риот Роуз (2), како и ќерката Роки Ајриш, која има речиси четири месеци.
Уметникот, кој оваа сезона се појавува во филмовите „If I Had Legs I’d Kick You“ и „Highest 2 Lowest“, се осврна и на тоа каков бил пред да стане татко.
„Многу сум поемотивен. Пред децата веројатно бев ладнокрвен, но сега сум исполнет со љубов“, изјави тој.
Додаде дека оваа промена не ја чувствуваат само неговите деца, туку и луѓето околу него, бидејќи, како што вели, сега шири љубов и кон другите.
Принова во семејството
Рoки во интервјуто зборуваше и за ќерката, која тој и Ријана ја добија во септември. На прашањето што би направил кога некој ќе се обиде да излезе со неговата ќерка, кратко одговори:
„Ќе се молам за нив“.
Неговите изјави за татковството доаѓаат околу еден месец откако зборуваше и за односот меѓу неговите синови. На 35. доделување на филмските награди „Gotham“, изјави дека е изненаден колку добро се согласуваат меѓу себе, но дека се малку љубоморни на помладата сестра.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
23мин
-
44мин
-
57мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


