Што прави денеска – Лидија Георгиева, дизајнерка и редовна професорка

Се чувствувам благодарно што кај мене, ниеден ден не наликува на претходниот. Имам кариера, но и стил на живеење, кои се спротивни од монотонија, секој нов ден носи мало или големо откритие, изненадување.

Без разлика дали работам на некој креативен проект (ревија, изложба, театарски костим, дизајн за внатрешно уредување итн.) или треба да одржам предавање, никогаш не е исто.

Единствена незаобиколна церемонија е утринското кафе, кое го преферирам во тишина. Појадокот е богато смуди и јаткасти плодови, па денот може да започне.

Вторник е ден кога со студентите го учиме јазикот на визуелните уметности, техниките на модната илустрација, но и постепено навлегуваме во вештините на дизајнирање колекција. Остатокот од денот е посветен на проект за идната година, кој се надевам дека ќе се реализира. Воедно, во тек се и состаноци со две амбасади, претежно поврзани со соработка со едукативна цел, на среќа и задоволство на студентите.

Но, за крај на денот, вторник вечер е посветен на онлајн-јога, време за постигнување на внатрешен мир, но и други доживувања од непроценлива вредност.
Намасте

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот