23 C
Скопје

Седум знаци ја откриваат опасноста: Како да знаете дали нешто не е во ред со бубрезите

Со оглед на тоа што некои знаци можат да бидат мошне суптилни, важно е да ги препознаете доволно рано за да спречите трајно оштетување. Намалената функција на бубрезите може да се појави врз основа на широк спектар на состојби. Бубрезите играат клучна улога во рамнотежата на киселините. Тие исто така ги филтрираат отровите и одредуваат кои хранливи материи треба да се излачат или да циркулираат низ телото. Ако наидете на некој од следниве знаци на предупредување, неопходно е да побарате стручно мислење.

1. Промени во урината

Промени во урината може да се појават врз основа на она што го јадете, пиете, па дури и на лековите што ги земате. Затоа е важно да се обрне внимание на факторите какви што се зачестеноста и бојата.

Посебно внимание обрнете на: тешкотии со уринирање, крв во урина, поретко уринирање, темна урина, меурлива или пенлива урина и чувство на итност на уринирање. Штом ги забележите промените, следете неколкупати, а ако ништо не се промени или симптомите се влошат, веднаш побарајте лекарска помош.

2. Повраќање

Повраќањето и гадењето се знак на проблеми со бубрезите. Пред да ве фати паника, повраќањето и мачнините може да значат многу работи. Но, ако нешто не е во ред со вашите бубрези, отровите ќе се наталожат во организмот. Телото сака природно да ги елиминира овие токсини, што доведува до чувство на екстремно гадење.

Profimedia

3. Замор

Секој одвреме-навреме се заморува. Но, ако заморот стане хроничен, дефинитивно нешто не е во ред. Болните бубрези не произведуваат доволно еритропоетин (ЕПО), природен хормон што се создава во бубрезите, го регулира создавањето на еритроцитите и го стимулира производството на крвните клетки богати со кислород. Резултатот е долготраен замор. Ако и по долго спиење повторно сте многу изморени, задолжително побарајте помош.

4. Осип

Ако имате осипи што чешаат, тоа може да биде последица на таложењето на мокрачната киселина и отпадот. Кога се таложат во вашето тело, можете да почувствувате дамки што чешаат на кожата. Не помагаат ниту локалните третмани, бидејќи ќе се чувствувате како да ве чеша под кожата.

5. Отечени нозе

Кога бубрезите не функционираат правилно, генерално ќе почувствувате задржување на течностите. Додека бубрезите промовираат рамнотежа и испорачуваат хранливи материи, тоа го прават врз основа на регулацијата на водата. Ако не функционираат правилно, течноста може да се акумулира во ткивата. Почесто ќе забележувате дека стапалата и глуждовите отекуваат, но може да отекуваат и рацете и лицето.

6. Грчеви во мускулите

Кога функцијата на бубрезите е оштетена, се развива грчење на мускулите врз основа на нерамнотежата на електролитите. На пример, ако вашето тело има ниско ниво на калциум и лошо регулирано ниво на фосфор, често ќе се појавуваат грчеви во мускулите, најчесто во нозете.

7. Лош вкус во устата

Многумина што имаат проблеми со бубрезите ќе се жалат на лош вкус во устата – речиси како да пијат железо. Бидејќи отпадот се акумулира во телото, попознат како уремија, може да ја направи храната без вкус и да предизвика лош здив. Уремија е состојба на високо ниво на уреа во крвта. Уремичен синдром може да се дефинира како последна клиничка манифестација на бубрежната инсуфициенција.

 

Поврзани вести

ФОТО: Во мај вакцинација кај Дракула: Лекари со вампирски заби делат бесплатни вакцини

Слободен печат

Нов пресврт: Бракот на Бил и Мелинда Гејтс се распаднал поради милијардерот педофил?

Слободен печат

ВИДЕО: Илон Маск откри дека страда од Аспергеров синдром, кој можеби е тајната на неговиот успех

Слободен печат

ФОТО: Барак Обама тагува: Тежок ден за нас, многу ќе ни недостасува

Слободен печат

По првата доза на „Фајзер“ сѐ уште можете да се заразите со новите соеви на коронавирусот

Слободен Печат

Дали сум бремена? Седум главни разлики меѓу рана бременост и ПМС

Слободен Печат

Остави Коментар