Се што е потребно за живот го сместиле во 25 квадрати: Од камп приколка направиле вистински рај за уживање и релаксација! (ВИДЕО)

foto: printscreen youtube / Living Big In A Tiny House

Во оваа куќа, буквално секој агол е максимално искористен…

Оваа неверојатна куќа на тркала, во која е сместено се што е потребно, е направена во комбинација на различни архитектонски решенија и мешавина од разни дизајни.

Како резултат на долгогодишното искуство и големиот сон, настанала оваа феноменална куќа, која со својот изглед ги воодушевува сите што ќе ја погледнат. На самиот почеток, тоа било камп приколка, која со малку труд станала вистински рај за животот.

foto: printscreen youtube / Living Big In A Tiny House

Овој минијатурен стан има се што ви е потребно за совршен живот, дневна соба, катче за релаксирање и играње, бања со практично место за складирање, но и кујна.

foto: printscreen youtube / Living Big In A Tiny House

Дизајнирана е  така што во приземјето има дневна соба, кујна, просторија за одмор и тераса, додека скалите водат кон галеријата каде што се наоѓа спалната и детската соба .

foto: printscreen youtube / Living Big In A Tiny House

Колку добро е искористен просторот исто така зборува и фактот дека има градина полна со цвеќиња на покривот, вистинска мала оаза која на целата куќа и дава уште поинтересен изглед.

foto: printscreen youtube / Living Big In A Tiny House

Ова е доказ дека дури и малите простори можат да бидат целосно функционални само доколку се искористат на вистински начин. Во видеото, погледнете како изгледа целиот дом:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот