Разводот бил неизбежен: Пејачката стави точка на 6-годишниот брак!

profimedia

Љубовта меѓу нив не била доволно силна за да ги пребродат несогласувањата…

Пејачката Кели Кларксон наводно поднела барање за развод од својот сопруг Брендон Блексток по повеќе од шест години брак.

Тие се во брак од 2013 година, а имаат и две деца, петгодишната ќерка Ривер Роуз и една година помалиот син Ремингтон Александар. Брендон има и две деца од првиот брак.

Главната причина за разделбата, како што се шпекулира, е несогласувањето околу потомството. Додека пејачката посакувала уште деца, Брендон не бил подготвен на тој чекор.

Победничката на „Американски идол“ неодамна во едно интервју изјави дека нејзиниот сопруг ја кочи во таа желба.

profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот