Џејден Џејмс Федерлајн - Фото; Икс/ Page Six

ФОТО | Први фотографии од синот на Бритни Спирс откако таа замина на рехабилитација – еве како изгледа Џејден Федерлајн денес

Помладиот син на поп-ѕвездата Бритни Спирс, Џејден Џејмс Федерлајн, е забележан првпат во јавноста откако неговата мајка доброволно замина во установа за рехабилитација. Минатиот месец Бритни беше уапсена поради возење под дејство на алкохол, пишува „Пејџ Сикс“.

Деветнаесетгодишниот Џејден  е фотографиран во Лос Анџелес додека купувал пијалак. За оваа прошетка тој беше облечен во едноставна спортска комбинација, бела маичка без ракави и шорцови.

Во неделата, претставник на пејачката потврди дека Бритни Спирс доброволно се пријавила во установа за лекување по инцидентот минатиот месец.

„Ова беше нејзина лична одлука. Не се работи за една конкретна зависност, туку за двојна цел, Бритни сака да го стави своето ментално здравје на прво место и да земе време за себе“, изјави близок извор.

Тој додал дека пејачката е посветена на своето здравје и дека ова е чекор кој самата сакала да го преземе. Според достапните информации, нејзиното семејство, вклучувајќи ги синовите Џејден Џејмс и Шон Престон, ѝ даваат целосна поддршка.

Детали за инцидентот

Инцидентот се случи на 4 март во Вентура, Калифорнија, кога властите забележале дека возилото на пејачката се движи сомнително по патот. По извршениот претрес, во возилото била пронајдена непозната супстанција, а се верува дека Спирс била под влијание на комбинација од алкохол и недозволени средства. Таа беше пуштена од притвор следното утро, а новото рочиште е закажано за 4 мај.

Семејството неодамна помина заедничко време на јахта, што укажува на значително подобрување на нивните односи. Џејден се помири со својата мајка уште во 2024 година, додека кај Шон Престон ситуацијата се промени токму по овој немил настан.

Близок извор наведува дека пејачката е длабоко потресена од целата ситуација и е свесна за сериозноста на своите постапки.

„Сфаќа дека ова е многу лошо и дека може да влијае не само на нејзиниот живот, туку и на луѓето околу неа, особено на нејзините синови“, заклучува изворот.

ФОТО | Бритни Спирс за родителите: „Тие никогаш нема да преземат одговорност за тоа што ми го направија“

Бритни Спирс се пријавила на рехабилитација по апсењето за возење под дејство на алкохол и недозволени супстанци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот