Бритни Спирс / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Бритни Спирс се пријавила на рехабилитација по апсењето за возење под дејство на алкохол и недозволени супстанци

Бритни Спирс е на рехабилитација откако беше уапсена за возење во пијана состојба минатиот месец. Познатата пејачка сама, доборволно се пријавила на третманот, пренесува „Пипл“. Нејзиниот претставник во неделата потврди за американските медиуми дека таа доброволно се пријавила во установа за третман.

Оваа одлука доаѓа неколку недели по инцидентот што се случил во Вентура, Калифорнија, каде што била приведена. Судското рочиште поврзано со случајот е закажано за 4 мај. Во изминатиот период, поддршка ѝ давале нејзините синови Шон Престон (20) и Џејден Џејмс (19).

Извор близок до случајот изјавил дека пејачката била исклучително емотивна за време на апсењето и дека се чувствувала засрамено и непријатно.

„Тоа беа многу тешки неколку месеци“, изјавил изворот.

На 4 март, таа била приведена откако полицијата ја запрела поради небезбедно движење на возилото. При проверката, наводно била пронајдена и непозната супстанца во автомобилот, а се претпоставува дека била под дејство на мешавина од алкохол и други супстанци.

Таа била пуштена следното утро, според службената евиденција од канцеларијата на шерифот на округот Вентура.

Портпаролот на обвинителството на округот Вентура изјавил: „Случајот за возење под дејство на алкохол против Бритни Спирс е доставен до обвинителството и нашите обвинители го разгледуваат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот