Продолжува палењето на диви депонии- казни за сторителите НЕМА

Чад од запалена мини депонија во Свиларе, општина Сарај вчеравечер го отежнуваше дишењето низ општините Сарај, Ѓорче Петров и Карпош. По пријава на граѓани, инспекторите излегле на терен, но казна не е изрена бидејќи, како што се соопштува, инспекторите не затекнале сторител на локацијата каде што бил пожарот кој бил изгаснат околу 20:20 часот.

Од Општина Карпош пред три дена најавија дека ќе има засилени контроли, откако граѓани реагираа за чад и миризба, во населените места Нерези, Тафталиџе 2, Влае и Карпош 4.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, во вторникот рече дека се засилени инспекциските контроли и потенцираше дека заштитата на животната средина и околина и во иднина ќе биде еден од главните приоритети на локалната самоуправа, во текот на целата година, а не само во критичните зимски месеци, кога загадувањето е најголемо на територијата на Градот Скопје, и низ целата земја.

Општинските власти потсетуваат дека дежурниот број на кој може да се јавуваат граѓани и да пријавуваат локации од каде што доаѓа непријатна миризба и чад од запалено е 078/ 257 640.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот