Принц Џексон: Не разбирав зошто луѓето толку го сакаат мојот татко

Фото: Профимедиа

„Сфатив дека мојот татко е славен пред 15-ина години, некаде на Блискиот исток. Се шетавме на улица и видов како не следат се повеќе луѓе. Многумина сакаа да се фотографираат со него или барем да го допрат за раката. Тоа за мене беше аха-ефект“, вели денес Принц Џексон, синот на легендарниот Мајкл Џексон.

Тој за „Fox Soul“ откри дека како мал често ги гледал настапите на својот починат татко, и дека никогаш не му била јасна реакцијата на луѓето на тие настапи.

Фото: Профимедиа

„Имав тогаш 10 или 11 години и го гледав на екранот неговиот настап. Видов море луѓе пред бината. Некои дури и се онесвестуваа. Не ми беше јасно ништо. Го прашав татко ми зошто тие пагаат во несвест кога ќе го видат, а јас не паѓам во несвест иако со него сум секој ден“, вели тој денес.

Фото:EPA/ARMANDO ARORIZO

Принц Џексон е настариот од трите деца на Мајкл Џексон. Принц ја има две години помлата сестра Парис и помладиот брат Бланкет.

Џексон почина во 2009 година во 50-та година од животот по предозирање со анестетик. Принц тогаш имал само 12 години и изјавил дека неговиот татко му оставил многу убави спомени, а и денес се сеќава на неговите животни совети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот