Претставниците на „Јапан Тобако“ задоволни од грчката инвестициска клима

Претседателот на Jaпан Toбако Инк (JT), Mутсуо Иваи, го пофали раководството на грчката влада за промовирање на средина поволна за инвестиции за време на неодамнешната посета на Токио на премиерот Киријакос Мицотакис, се вели во соопштението на JT во средата, овјави Катимерини.
За време на официјалната средба меѓу Мицотакис и членовите на Јапонската бизнис федерација (Кејданрен), Иваи ја изразил својата благодарност до раководството на грчката влада за промовирање средина поволна за инвестиции.
Покрај тоа, Мицотакис го поздрави ЈТИ во Грција за извозните перформанси, додека шефот на Економската канцеларија на премиерот, Алекс Пателис, се осврна на важноста на извозните активности за грчката економија. Грчкиот премиер ја пофали ЈТ за поддршката на тутунопроизводителите и нејзиниот придонес, како долгорочен и сигурен откупувач на листови од тутун, за зачувување на работните места во земјоделството, но и за нејзините перформанси на полето на задоволството на вработените, добивајќи највисоки дистинкција како водечки работодавач во Грција.
Мицотакис, исто така, изрази надеж дека јапонските компании дополнително ќе ги промовираат инвестициите во Грција и ќе ја задржат волјата да продолжат да имаат ниво на интеракција засновано на добра волја, што е секогаш политика на грчката влада.