Познатиот шармер се ужаснува од помислата дека филм стар 40 години ќе биде објавен сега: „Тоа беше лошо време за модата и фризурите“

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Џорџ Клуни во 1983та година го сними филмот „Grizzly 2″, но не е воодушевен од идејата на продуцентите после речиси 40 години тој филм да го објават.

Џорџ Клуни не е воодушевен од тоа што овој хорор-трилер во кој тој глумеше во 1983-та година би можел сега да го здогледа светлото на денот.

На 59-годишниот шармер тоа му беше едно од првите актерски остварувања, а филмот „Grizzly 2“ е подготвен, но поради неможноста за вметнување на специјални ефекти продуцентите никогаш не го завршиле.

Фото: Јутјуб

На крајот на декември продукцијата најави дека тоа дело сепак ќе биде објавено, и тоа по речиси 40 години откако е снимено. Клуни сепак нема да биде меѓу првите кои ќе купат карта за во кино.
„Не сум го погледнал тој филм и не сакам да го направам тоа“, изјави актерот за „The Sun“.

Тој истакна дека тоа било лош период кога станува збор за модата и фризурите. „Мислам дека пронајдов нешто што е полошо и од филмот „Бетмен и Робин“ од 1997 година“, заклучи Клуни, зборувајќи за филмот „Grizzly 2“.

Фото: Јутјуб

Освен Клуни во филмот се појавуваат и актерите Чарли Шин и Лаура Дерн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот