Повредено е дете во откако падна дрво во Дебар маало

фото Фејсбук

Во скопската населба Дебар Маало, во близина на влезот на основното училиште „Коле Неделковски“, синоќа паднало дрво кое лесно повредило дете и оштетило паркиран автомобил. Детето се здобило со лесни повреди. Во инцидентот бил оштетен и паркиран автомобил.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, на својот фејсук профил вели дрвото е паднато поради исушените корени.

Вчера, во непосредна близина на влезот на ООУ ‘Коле Неделковски’, падна уште едно дрво. При извршениот првичен увид, дрвото е паднато поради исушените корени, исто како дрвото кое падна пред некој ден на улицата Орце Николов. Екипи на ЈП Паркови и зеленило и службите од Општина Центар го отстранија паднатото дрво кое оштети едно возило. Дрвото, како што се гледа на сликите, има зелени лисја, здраво стебло, но нарушен коренов систем поради кој што може да падне и без посилен ветер“, напиша тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот