Петковски: Исходот од изборите неизвесен до последен момент, ДУИ ги украдоа темите и со еден удар убија неколку муви (ВИДЕО)

Кампањата, одредени политичките спотови во ова предизборие се бизарни. Тешко се доближуваат партиите до граѓаните и веројатно за тоа се веќе свесни. Проценките до сега дека оној процент на гласачи што не е одлучен дали да излезе се гласачи кои би гласале за СДСМ и затоа впечатокот е дека ВМРО-ДПМНЕ оди со една црна кампања токму да ги одврати од излегување, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ граѓанскиот активист и доскорешен извршен директор на Центарот за Европски стратегии – Евротинк, Љупчо Петковски.

-Гласачкото тело, базата на ВМРО-ДПМНЕ е поголема од онаа на СДСМ каде што гласачите се условно кажано по размазерни, поурбани, односно гласачи кои бараат конкретен предлог за да се натераат да излезат. Јас мислам дека дека конечниот исход од изборите ќе биде крајно неизвесен до последниот момент, вели Петковски.

-Генерално луѓето кај нас сакаат да казнуваат и затоа мислам дека резултатот до крај ќе се прекршува.

Околу потегот на ДУИ за Албанец премиер, Петковски смета дека без оглед што тоа е еден неморален предлог, од политичка гледна точка потегот на интегративците е феноменален.

-ДУИ излегува со тема, предлог каде што се гледа дека по секоја цена сакаат да останат на власт и тоа до сега им успева. Од друга страна ги „пишмани“ оние гласачи Албанци, кои евентуално би гласале за СДСМ сега да гласаат за ДУИ. Ги украдоа темите и со еден удар убија неколку муви, смета Петковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот