Пад на невработеноста во Шпанија за прв пат од февруари

Сепак 3,77 милиони луѓе и понатаму се без работа во земјата, што пак е за 761.601 лице повеќе во споредба со истиот месец претходната година.

Се поголем број компании во Шпанија повторно почнаа да работат по повеќемесечниот прекин поради мерките за спечување на ширењето на епидемијата од корона вирусот, а со тоа за прв пат од февриари, во јули е забележано намалување на невработеноста во здемјата, се вели во податоците на Министерството за труд.

Бројот на граѓани во Шпанија кои се регистрирани како невработени изминатиот месец се намалил за 2,33 отсто во однос на месец јуни, или за 89.849 лица, што пак е најголем пад забележан за еден месец уште од јули 1997 година, пишува „Ројтерс“.

Сепак 3,77 милиони луѓе и понатаму се без работа во земјата, што пак е за 761.601 лице повеќе во споредба со истиот месец претходната година.

Секторот земјоделство стабилен

– Растот на вработувањата укажува на силно опоравување на економските активности, напиша на „Твитер“ министерката за труд Јоланда Диаз.

Невработеноста забележа пад во сите сектори, освен во секторот земјоделство каде пак е забележан раст од 5,9 отсто поради привршувањето на бербата на овочките.

Бројот на невработени во јуни пораснал за 0,13 отсто, иако беа укинати ковид мерките со кои беа воведени ограничувања на ниво на целата држава.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот