Ова е ковид-19! – Џенифер Анистон објави потресна фотографија од пријател на респиратор (ФОТО)

Актерката Џенифер Анистон објави фотографија од пријател кој бил хоспитализиран и со потресни зборови им се обрати на обожавателите.

„Ова е нашиот пријател Кевин. Совршено здрав, без ниту еден здравствен проблем. Ова е ковид-19. Ова е реално. Не можеме да бидеме толку наивни да мислиме дека ова можеме да го надминеме… Ако сакаме сето ова да заврши, а сакаме, единствениот чекор што можеме да го преземеме е, ве молам, да носите маски. Само помислете на оние што страдаа од овој ужасен вирус. Направете го тоа за вашето семејство, пред сѐ, за вас. Ковид-19 ги погодува сите возрасни групи“, меѓу другото, напишала Џенифер Анистон.

Инстаграм

Таа потоа додаде:

„Оваа фотографија е направена на почетокот на април. Му благодарам на Господ, тој речиси закрепна сега. Ви благодарам на сите за молитвите.“

Шест милиони лајкови за бесната Џенифер Анистон: Носете ги проклетите маски!

Видео на денот