Откриени остатоци од најголемото животно кое некогаш одело по Земјата

Фото: Профимедиа

Остатоци од најголемото животно кое некогаш одело по планетата Земја, откриени се во Аргентина, тврдат научниците од таа држава. Станува збор за непознат вид гигантски диносаурус, кој тежел над 69 тони.

Остатоците од долговратестиот диносаурус се стари над 98 милиони години, процениле научниците. Првите делови од коските откриени се пред осум години, а ископувањата сè уште траат.

Научниците досега успеале да ги одредат приближните димензии врз основа на до сега ископаните остатоци од тој диносаурус и сметаат дека бил поголем од, досега најголемиот познат, титаносаурус. Резултатите од проучувањето на ископаните остатоци неодмна се објавени и во научни списанија.

Научниците сè ште немаат доволно докази со кои ќе потврдат дека се работи за сосема нов вид диносаурус, односно дека нема врска со титаносаурусот, а најголем проблем е локацијата за ископување која е на непристапно место и им ја отежнува работата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот