ОФИЦИЈАЛНО: Одложени се Летните олимписки игри во Токио!

фото: твитер

Во овие тешки времиња, со цел да се заштити здравјето на спортистите и врз основа на информациите од СЗО е донесена конечна одлука.

Олимписките игри во Токио (32 по ред) дефинитивно се одложени, откако Меѓународниот олимписки комитет (МОК) го прифати предлогот на јапонскиот премиер Шинзо Абе да се одложат Игрите. Иако конечната одлука како што и најавуваа од МОК требаше да биде донесена за четири недели.

Но, веднаш после тоа соопштение се огласија од Канада која веднаш ги повлече спортистите од настап во Токио, потоа Австралија побара одложување, истото претходно го направија и Американците, придружени денеска и од Британците, сето тоа за 24 часа.

Донесена е официјална одлука Олимписките игри во Токио, кои беа првично закажани од 24 јули до 9 август, да се одложат.

Во период каде што голем број на спортски натпреварувања се прекинати поради пандемијата на коронавирусот, до последен момент не се знаеше што ќе биде со Олимпијадата во Токио.

Иако од ИОК беа неколку пати сигурни во своите изјави дека нема да има одложување, самата ситуација не гарантира дека летово може да се одржи најголемиот спортски настан.

Во сегашните околности и врз основа на последните информации дадени од Светската здравствена организација, Претседателот на МОК, Томас Бах и премиерот на Јапонија, Шинзо Абе заклучија дека Игрите во Токио мора да бидат презакажани до датум надвор од 2020 година, но не подоцна од летото 2021 година, со цел да се заштити здравјето на спортистите,  како и сите вклучени во Олимписките игри и меѓународната заедница.

Лидерите се согласија дека Олимписките игри во Токио можат да стојат како светла надеж на светот во овие тешки времиња и дека олимпискиот пламен може да стане светло на крајот на тунелот во кој светот се наоѓа во моментов.

EPA-EFE/ARIS MESSINIS

Затоа, беше договорено олимпискиот пламен да остане во Јапонија. Исто така беше договорено дека Игрите ќе го задржат името Олимписки и Параолимписки игри Токио 2020 година.

Освен Олимписките игри, одложени се и 16 Параолимписки игри кои требаа исто така да се одржат во Токио од 25 август до 6 септември.

Досега Олимписки игри се откажуваа трипати, 1916 година поради Првата светска војна, и во 1940 и 1944 година поради Втората светска војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот