Организаторите на ЛОИ во Токио го презедоа олимпискиот оган

EPA-EFE/ARIS MESSINIS

На церемонијата во Атина која се одржа без присуство на публика, претставници на организаторот на Игрите во Токио го презедоа одлимпискиот оган.

Церемонијата се свеченото предавање на олимпискиот оган се одржа на Олимпискиот стадион „Панатинаико“, на кој се одржани првите модерни Олимписки игри во 1896 година.

Првиот човек на олимпискииот комитет на Грција, Спирос Карпалос му го предаде олимпискиот оган на претставиникот на организацискиот одбор на Игрите, Наоко Имото.

EPA-EFE/ARIS MESSINIS

Олимпискиот оган беше запален минатиот чертврток, но по само 24 часа беше запрен неговиот пат околу Грција поради пандемијата на коронавирусот, а во Токио се очекува да пристигне утре и според планот, ќе помине низ цела Јапонија.

Засега Олимписките игри во Токио не се одложени и доколку стивне пандемијата со коронавирусот, тие ќе се одржат од 24 јули до 9 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот