Член на МОК: Се одложуваат Олимписките игри во Токио!

Олимпијада во Токио /twitter/Fast World News

Еден од највлијателните луѓе на МОК, Канаѓанецот Дик Паунд вели дека Олимпијадата во Јапонија нема да започне летово на 24 јули.

Како што е најавено од претходно, за четири недели се очекува конечната одлука околу тоа дали ова лето ќе се одржат Олимписки игри.

Можно е таа одлука да биде објавена и порано, бидејќи веќе има држави кои веќе го откажуваат своето учество годинава да партиципираат во Токио на најголемиот спортски настан.

Канада нема да ги пушти своите спортисти на Игрите во Токио, додека Австралија бара одложување.

Од претходно Американците, а сега и Британците го охрабруваат Меѓународниот олимписки комитет да ги одложи Игрите.

– Не гледаме начин на кој ова може да се одржи како што е планирано – рече претседателот на Олимпискиот комитет на Велика Британија, Хју Робертсон за „Би-Би-Си“.

Дека е можно одложување на Игрите во Јапонија поради пандемијата на коронавирусот, тврди и членот на МОК, Дик Паунд за „USA Today“:

– Врз основа на сите информации кои МОК ги има во овој момент, скоро е одлучено дека Игрите нема да се одржат ова лето. Уште не се регулирани сите параметри околу тоа прашање, но Игрите нема да започнат на 24 јули. Толку знам – вели Паунд, инаку Канаѓанец и еден од највлијателните луѓе во Меѓународниот олимписки комитет.

Воедно и Светската атлетска асоцијација е подготвена да го одложи СП во 2021 година доколку Меѓународниот олимписки комитет ги одложи Игрите. Светското првенство во атлетика треба да се одржи од 6 август до 15 август 2021 година во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот