ИОК: За четири недели одлуката за Олимписките игри!

Олимписките игри во Токио треба да се одржат од 24 јули до 9 август 2020 година, но нивното одржување е под закана поради пандемијата на коронавирус.

Како што пренесуваат странските медиуми, Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ќе донесе одлука за одржување на Летните олимписки игри во 2020 година во Токио не порано од четири недели.

– Извршниот комитет на Интернационалниот олимписки комитет ја одложи конечната одлука за ова прашање за четири недели.

Потоа тие ќе ја проценат ситуацијата пред да усвојат алтернативни планови. Ова е прв пат кога тие имаат утврдено краен рок за одлука. Работите се движат – информира Стив Скот, новинар за британскиот канал „ИТВ“.

Олимписките игри во Токио треба да се одржат од 24 јули до 9 август 2020 година, но нивното одржување е под закана поради пандемијата на коронавирус.

Наводно, се разгледува опцијата за одложување на Игрите за неколку месеци, па дури и за една година. Одбиена е можноста Игрите да бидат откажани.

Потсетиње дека пред неколку дена, претседателот на ИОК, Томас Бах, откри дека има повеќе опции и дека конечното решение нема да се донесе единствено на финансиска основа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот