Screenshot/X

ВИДЕО | Комедија се случуваше на тренингот на Панама пред почетокот на Мундијалот

Фудбалската репрезентација на Панама се најде во центарот на вниманието на социјалните мрежи, откако видео од еден од нивните отворени тренинзи стана вирално и предизвика бројни реакции.

На снимката се гледаат потешкотии во реализацијата на една вежба, како и неколку непрецизни додавања на фудбалерите, што веднаш доведе до низа коментари.

Панама, која по вторпат ќе настапи на Светско првенство по дебито во 2018 година, е сместена во групата „Л“ заедно со Хрватска, Англија и Гана. Првиот натпревар ќе го одигра на 17 јуни против Гана во Торонто.

Избраниците на селекторот Фелипе Балој пласманот на завршниот турнир го обезбедија преку квалификациите во северноамериканската, средноамериканската и карипската зона. Во подготвителниот период, Панама одигра и пријателски натпревари, при што загуби со 6-2 од Бразил, а потоа забележа победа од 4-2 против Доминиканската Република.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот