Почина легендата на Челси, Боби Тамблинг
Легендарниот фудбалер на Челси, Боби Тамблинг, почина вчера на 84-годишна возраст. Тој е вториот најдобар стрелец во историјата на лондонскиот клуб со 202 гола, рекорд кој го држеше повеќе од четири децении сè додека не беше надминат од Френк Лампард.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тамблинг играше за Челси од 1959 до 1970 година и постигна импресивни 202 гола на 370 натпревари во тој период. Повеќе од четири децении, тој го држеше рекордот за најдобар стрелец во историјата на клубот, сè додека Френк Лампард не го надмина во 2013 година. Сепак, еден од неговите подвизи остана недостижен, Тамблинг е сè уште единствениот играч на Челси кој постигнал пет гола на еден натпревар, што му успеа во 1966 година против Астон Вила.
Тамблинг своето деби за Челси го имаше на 17-годишна возраст, но и покрај одличните игри на клупско ниво, одигра само три натпревари за репрезентацијата на Англија и остана без место во тимот што го освои светското првенство во 1966 година.
Тамблинг во својата играчка кариера настапуваше и за Кристал Палас и ирски Корк.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
14мин
-
34мин
-
47мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


