Јапонија Фото: EPA/FRANCK ROBICHON

Јапонците ги пречекаа ужасни услови во Мексико, се заканија со напуштање на Мундијалот

Јапонската фудбалска репрезентација се подготвува за учество на најголемиот светски фудбалски настан, а играчите од земјата на „изгрејсонцето“ пристигнаа во својата база каде што доживеаја, благо речено, вистински шок.

Имено, јапонскиот тим требаше да се подготвува во тренинг центарот на „Тигрес“, но тој е во толку лоша состојба што јапонското раководство се закани со повлекување од Светското првенство, што секако би бил невиден преседан.


Сепак, организаторите реагираа веднаш и благодарение на тоа што Монтереј ѝ дозволи на јапонската репрезентација да го користи нивниот најсовремен тренинг-центар, проблемите беа надминати.

Јапонците се наоѓа во групата Ф заедно со Холандија, Шведска и Тунис, а ќе одигра два натпревари од првата фаза од натпреварувањето во Арлингтон, против Холандија (14 јуни) и Шведска (25 јуни), додека со Тунис ќе се соочи на 20 јуни во Гвадалупе, Мексико.

Мундијалот е само осмо последователно учество на Јапонците на светскиот фудбалски настан, а нивниот најголем успех досега е освојувањето на деветтото место на Светските првенства во 2002, 2010 и 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот